Од една страна, беше спокојна, но и натаму остануваше приклештена за секојдневните семејни маки, како да не останеме гладни со малата Таткова плата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Иако гласот му беше спокоен и утешителен, дојденецот се лизна на подот покрај камениот ѕид и, така седнат, си го покри лицето со дланките, како за плач.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Мртов ли сум?“ гласот му беше придушен под дланките.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Греј се тука и молчи. Беше спокоен, но не можеше да заспие.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Па се одеше во друга крајност.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кога дојде Трендафил и двете бевме спокојни. Тажни, ама спокојни.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Таа девојка храбро ги издржуваше казните.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Само кога бевме со него тој беше спокоен.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Но во него не се наѕираше тага.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Беше спокојна. Погледот и беше упатен некаде далеку.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Пелагија беше спокојна, дури рамнодушна, и зборуваше Со здравје! Со здравје! Со здравје!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И како што беше спокоен, достоинствен, наеднаш се возбуди и вџаши. – Од кое место сте вие? – пак праша и ѝ се приближи на Анѓа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Пред крајот на ноќта заспа; сонот, нејзиниот последен сон, беше спокоен, кус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Пред да се разбуди ја подаде раката, како во сонот да бараше некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ракописот беше спокоен, како со него да беше испишана едноставна порака, известување дека излегла од дома, и наскоро ќе се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А потоа, по малку белина, со сосема поинаков ракопис, стоеја развлечени букви; сигурно биле запишани кога почувствувала како полека тоне во нешто што наликува на сон: „Биди цврста, како и секогаш“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Побратимот беше спокоен, како во ноќта кога го држеше судбински кормилото на семејниот чун, на почетокот на нашиот егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)