бев (гл.) - студен (прид.)

Нивниот ранет беше студен. Него и уште двајца и една девојка, ги симнаа од носилките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Надвор врнеше снег. Ноќта беше студена, широката улица, - прелеана со мека дијамантска светлина, - пуста.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Куќата се стопли, но јас бев студен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сега забележа дека го исклучиле парното – рацете ѝ беа студени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе беше доцна и во темната соба светеше само екранот на компјутерот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беше некаква чудна грутка, истопорена таму, во нивните гради, заедно со измореноста, воопшто не беше студен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А над тој длабок слој стоеше уште една педа висок пепелав и воздушен снег, што се искреше пред очите со сини искри и беше студен како ѓаволот при секој допир до голо месо, просто изгоруваше со својата осојчинава студенина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Станав, земјата беше студена.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Секакви прикаски му ги пијат дробовите на човека“; повтори: „Тој раскажува дека го мразам. Се плаши од мене.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама тоа не беа ветровите што ги чуваше дедо Костадин во вагонот, туку тоа беше студениот здив што шибаше од ноздрите на зимата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше март и ноќта беше студена и влажна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Едно момче од Желево викна: - Деца!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќелијата беше студена како фрижидер. Неколку клима- уреди насочени кон него дуваа студен воздух.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таа и натаму беше загледана во белиот ѕид, и рамномерно дишеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги ставив моите дланки до неговите дланки, на стапалата на Клара. Беа студени како на мртовец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ноќта беше студена, тиха, ѕвездена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше студен, студен, студен и тој студ сѐ повеќе ги потиснуваше бескрајните лета, со нивните зелени факели и бронзени сонца што го ослободуваа, топејќи го зимскиот оков.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ноќта беше студена и чиста, баш како што се битолските ноќи во јануари, студени и чисти, со небо начичкано yвезди и судбини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)