бев (гл.) - убеден (прид.)

Таа кон мене се однесуваше како Конан Варваринот и беше убедена дека е нова Лиз Тејлор. Каква заблуда, Тики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оваа до него е Кристина. Кристина беше а и сѐ уште е негова курва.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше поканет на Утринската ТВ програма, но таму го интервјуираа заедно со двајца нажалени родители, кои беа убедени дека нивниот син се самоубил затоа што користел Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако книгата на одговорен начин ги претстави сите опасности и ризици по здравјето, таблоидите распалија оган, обвинувајќи го Сандерс за промоција на дрогата „позната како убиец“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се знае - петка - и вкупно - триесет и едно. Сè е мое!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Влегувајќи во секој нов круг бев убеден дека ќе стокмам повеќе од Љупчо, но или „горев“ или тој победуваше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не се сеќавам колку „кругови свртевме“. Пред очи ми се кошмареше, небаре сум качен на рингишпил.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Толе се окуражи од случките, та и сам беше убеден дека куршум не го фаќа, бидејќи го штити амајлијата што му ја направи посестрима му Цвета од Дуње, и слободно почна да се движи по Старо Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Воопшто не беше убедена дека има доволно сведоци.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Вистина, Бојан никогаш порано не се нашол во ваква положба, за да знае како мајка му ќе се постави, како ќе го преживува тоа, но сепак беше убеден дека таа цврсто верува во него, верува дури и повеќе одошто е потребно и смета дека нејзиното момче е цврсто, смело, решително и умно, па може насекаде и во секоја прилика да се снајде и да се постави како што треба, знае да ги совлада сите тешкотии.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му се стори дека го слушна и лаењето на дедо Ивановите кучиња, но не беше убеден во тоа, зашто колибата на старецот беше далеку и само во најмирните, ведри зимски ноќи лаењето на кучињата можеше да се слушне и долу, во Гогов Валог.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Исто така, беше убеден дека петлите ги поттикнуваа кокошките да несат повеќе јајца.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А бидејќи, длабоко во себе, беше убедена дека болеста беше причината за неговата тага, таа беше решена да не зборува за болеста, колку и да ѝ беше неподнослива болката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас знаев дека полека но сигурно почнува да ми се допаѓа; бев убедена дека ќе паднам во неговата мрежа, и бев, се разбира исплашена: тоа можеше сосема да ми ги искомпликува работите во животот, оти јас целосно ѝ се бев предала и ветила на Партијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И беше убеден дека со магија некаква црна, со ѓаволска помош, јас сум ја вратил штичката на масата од скрипториумот на која слова сочинуваше Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев готов да скокнам до таванот, да го пробијам; бев убеден дека Луција ги прочитала и ѝ ги дала на мајка си.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев убеден, тој човек не нѐ сакаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите веруваа дека крадецот е Адам но бев убеден дека само јас ја знам вистината.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Геј-културата можеби е мртва, а можеби и не е, но политизираниот и сексуализираниот геј-идентитет што требаше да ја замени, за кој многумина од нас беа убедени дека навистина ја заменил, не натежнал над неа баш како што сме си мислеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За најприврзената, единствената која што во мачните изгнанички години страдаше со него по пустите острови, која го храбреше, советуваше, која му роди и отхрани во гордост и топлина два сина – за неа тој беше убеден дека го труе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Постојано - во гимназијата, на корзо, на забавите, тој беше опкружен со оние кои беа убедени дека и самите се особено...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со мака беа убедени дека тоа е само привремено.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дали Преспани беа убедени во тоа или не?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не бев убедена дека тоа се причините што го тераат татко ми да размислува за женидба.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сакаше да се сокрие во пештерата; небото подготвуваше нешто, беше убеден во тоа, а од пештерата го делеа дваесетина метри.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Само така, беше убеден, а не со бадијалџење, сите треба да го исчекуваат Неговото враќање, оти и самиот Исус не беше скитник и безделник, туку столар, поучен на занаетот, како и тој, Павле, од својот земен татко.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека цел свет пукаше од смеа, таа беше убедена дека го изговара токму она што Мараја Кери го изговара користејќи го јазикот на кој зборува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Борбата на Рада за потомство не престануваше. Беше убедена дека со својата упорност и верба, заедно со Томо ќе стигнат до саканата цел.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден ден, се сеќавам, дојде дома горда зашто се снашла, барем самата беше убедена дека се провлекла.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Водата лазеше по земјата и само одвреме-навреме се излеваше налево, надесно, кружеше околу Огнот, но само за да не го угасне, а тој беше толку важен со своите портокалови јазици, во висина јакнеше и беше убеден дека Водата се плаши од него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На долгата маса, продолжена со уште три комшиски, и столчиња „шест плус шест“, на кои имаше ставено везени перничиња, сите изработени во домашно производство или „хенд мејд“, зашто мајка ѝ беше убедена дека за ракотворбите надалеку ќе се зборува, беше поставено послужувањето, кое и самото беше приказна за себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дај да купиме некој портабл, овој мамата ми ја еба“, му велеше на Горан, па купија, ама татко им Кизо не го бендиса и ѝ го подари на Микица за на приколка, дека беше убеден оти малиот телевизор не е нов, ами дека е од визба од којзнае која година.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Александар не се сметаше себе си за херој, не познаваше ниту еден таков и беше убеден дека такви не постојат, но секое утро му се чинеше дека ќе ја изгуби самоконтролата, ќе го собори Петар на земја и ќе му го пресече грлото со еден од кујнските ножеви на мајка му.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Истиот ден кога Бути се исели од сопчето на госпоѓата Нини, како гром од ведро небо луѓето ги погоди веста дека госпоѓата од третиот кат на соседната зграда, госпоѓата Маши, ги напуштила мажот и трите деца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога доцна во ноќта Бути ги затвори капаците, беше убеден дека таа и утре вечер, откако ќе го угаси светлото, ќе излезе на прозорецот заради него. И така беше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш кога најмногу бев убедена дека се срушил светот во мене, тоа беше моментот на моето просветлување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Камилски постојано се ближеше до заклучокот за поимот инает, за неговото место на замислената листа, на турцизмите, но никако да стигне до целта, до конечниот предлог.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, на крајот, и обајцата беа убедени, покрај постојните резерви, дека мора да одат напред, во својата потрага, барем да се пресметаат со стотина зборови, избирајќи ја гротеската, хуморот како најмоќно средство за нивниот наум, верувајќи дека само така ќе има некаква смисла нивниот проект и ќе остават некаква трага за идните времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше убеден, како и Камилски, обележан со картезијанскиот дух на париска Сорбона, со неговата теза дека историјата не би требало апсолутно да биде во служба на метафизиката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко длабоко во себе беше убеден дека и Климент Камилски не беше докрај начисто за ослободување на јазиците од опасните османизми, но сепак не му се противеше на предлогот да работат на проверка на нивните два балкански мајчини јазици, односно на чистење од опасните османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски, како докажан познавач на психологијата на детето, беше готов да продолжи да ја разработува темата на балканскиот инает, но Татко, гледајќи во саатот, му предложи тој тоа да го напише и објави во научен труд, иако обајцата беа убедени дека никој не би прифатил, од идеолошки инает да печати негов научен труд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сеќаваше - кога излезе во тоа утро ја заклуча вратата, се сеќаваше, беше убеден во тоа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше сигурно оти во метафизичката стратегија на Мајка еден од клучевите ќе ја открие историјата на бравата на нашето отворање на првата врата во животот во егзил, а додека спасувањето на татковите книги ќе ја продолжи семејната историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко сакаше да ја пишува Историјата на Балканот оти беше убеден дека таа треба во крајна линија да го смири балканскиот човек, да го помири со себеси и со другите, да се ослободи од саможртвениот синдром, од проклетството на делбите, границите. На Балканот имаше други Картагини и Палестини...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас тогаш плачев и бев убедена дека мајка ми ме гледа и дека плаче за мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа беше убедена дека ние потекнуваме од фамилијата Кавалиоти со која го поврзуваше педагогот Теодор кој работел во Академијата кога нејзин ректор бил Севаст Леонтиади.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ласте Думбаровски беше убеден дека во трнот е сиот екстракт на човекот како битие, на човештвото воопшто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога влезе во полуосветлената сала на ресторанот, во која доминираше црвената светлина од каминот, Азра беше убедена дека сѐ оди според договорот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа ме порази бидејќи пораката на Ема, јас бев убеден во тоа, беше јасна: моите скришни погледи кон нејзините колена додека ја претуравме муницијата, биле доловени од некој агол кој барем за миг ја скривал искрата за која обично стануваме свесни откако ќе пламне во оган што нè обзема и во кој влегуваме без да размислуваме за крајната цел и за смислата на таквиот чекор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И тогаш бев убеден, и повеќе од тоа, дека најубавите зборови или, ако сакате, стихови за љубовта, се разбира, нема да бидат напишани од нас луѓето.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Карл беше убеден во тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дури и овие пари, Марија беше убедена, ги испратил без тие да разберат. Неговите родители.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Длабоко во себе беше убеден дека не е во состојба сосем да прекине со мајка му и татко му...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Така си разговараа бившите аџии Јане и Рампо, сега прекрстени во Јунус и Рифат, и, гледајќи се во беговски алишта облечени, беа убедени дека се вистински бегови на Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа тој сега одеше по сигурен пат и беше убеден дека сите селани ќе ги најдат на едно место на панаѓурот во Чаништа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Морам да признам дека не бев убеден дека Голи во седло ќе биде комерцијален филм и дека луѓето ќе го прифатат неговиот опуштен стил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Били отсекогаш знаеше што прави и бев убеден дека ќе излезе кога ќе биде подготвен за тоа. 232 Margina #17-18 [1995] | okno.mk До ноември 69. помина полна година откако се затвори внатре.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Беше убеден дека некој од нас ќе се соблече гол. Набрзо сето тоа ни досади па се спакувавме и отидовме дома. 224 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го прегледав набрзина и беше толку валкано што бев убеден дека таа работи за полицијата и дека тие се обидуваат да ни подметнат нешто.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ме повика една девојка и ми понуди сценарио... и мене насловот навистина ми се допадна и ја повикав да дојде и да ни го донесе, но беше толку валкан што бев убеден дека таа работи за полицијата...“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дефинитивно, бев убеден, ова е нова епизода од Скриена камера.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Постоеше и опасноста, во што беше убеден најмногу Татко, некој, во тоа клето време на сталинизмот, да го види каталогот или да дознае за неговото постоење во нашето семејство и да нѐ денунцира како странска, капиталистичка пропаганда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но тој беше убеден дека таква Историја никогаш нема да напише, но не можеше ниту да го напушти својот животен проект.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така, откако Мајка беше конечно уверена дека пове­ќе никогаш нема да си го најде својот каталог, ние, децата, се вдадовме во потрага, макар што бевме убедени дека го нема, но не сакајќи да ѝ одречуваме на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој сега беше убеден дека и функцијата им ја должи на тврдокорните, кои беа уште силни, а најмалку на секретарот, кој појде по умот на Цветана Горски, по тие клети јагули.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, и тој не беше убеден дека вредеше многу да се бори во сталинското време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко беше убеден дека враќањето мораше да се оствари во сите варијанти преку Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На крајот беше убедена дека ќе излезе на арно, според татковото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, бевме убедени дека општеството на крајот ќе ја прифати одговорноста”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но едно е да се има право а сосема нешто подруго да помислиш на дилемата дали навистина треба да постапам така?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури бев убеден дека имам право и да постапувам според нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во случајов бев убеден дека натрапникот од предмалку никогаш се нема соочено со проблеми слични на моиве.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми се чини исто така дека никогаш ги нема допрено со помислата страдањата на несреќниците што нè пресретнуваат речиси на секој чекор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Другиот ден сите тројца беа убедени дека на рипката нешто ѝ недостасува.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А: Уф, уф. И природно претпоставувам дека вие не се согласивте со тоа
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со еден збор, беше убеден дека го има Совршениот грамофон.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си ја зацртав триесеттата година од животот како апсолутен краен рок за објавување на мојата прва книга. 48 Margina #21 [1995] | okno.mk Но знаев дека ќе ми е потребна голема среќа и секојдневна тешка и забрзана работа, ако останам на тоа да кажам нешто.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Или подобро кажано, бев убеден дека сум писател, како нив, и дека моја должност е, нужно да станам тој писател.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како пензиониран сметководител на Универзитетот, беше убеден дека треба да ги користи благодетите на меѓународната студентска соработка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И ти беше убеден дека тој е оној што ќе му помогне на Цацко.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
(...) На мојата изложба во Ферус галеријата во Лос Ангелес отидов со комби, заедно со Вин, Тејлор и Џерард.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислев дека е добар поет и тоа и му го реков.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека сите беа убедени дека ми е страв од авиони, но не беше така - едноставно сакав да ја видам Америка, бидејќи никогаш порано не сум бил западно од Вирџинија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беа убедени дека ќе тргнат на простор уништен од силните авионски бомбардирања, артилериската подготовка и поддршката на тенковите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаев, бев убеден, верував дека пак ќе те сретнам и незнам зошто но нешто ми велеше дека немаш друг и дека сеушете ме сакаш.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Бев убедена дека нема лоши деца, што и навистина е, но не знам зошто, дали фактот што сѐ уште не зборував течно француски, дали нешто друго беше во прашање, тој некако не ме прифаќаше.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Толку многу верував во него и бев убедена дека нема, сигурно нема да ме разочара.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На врв на сѐ, католичкиот свештеник во својата беседа рече дека бил со Борхес ноќ пред овој да умре, го исповедил и му дал простување на гревовите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхесовиот агностицизам се покажа како уште една фикција?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхесовото дело е чудесна творба, јазик чиишто бои се прелеваат, облик кој самиот се содржи, соголен приказ на историска стварност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Она што печатот не го објасни, меѓутоа, е дека Борхес во текот на целиот живот беше убеден агностик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Два минуса најмногу би му одговарале - бев убеден - ама мајка ми веројатно ќе го оцени со два или три плуса.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да не е татко ми со неа - бев убеден - веројатно мама ќе трошеше повеќе пари за телефонот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пелагија дури откако му ја откри намерата на Димостена, а цврсто беше убедена во тоа, ја набрка и тежината од своето срце.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сè повеќе бев убедена дека е така, но спротивно на тоа, некоја лоша сила ме влечеше кон пустиот Запад. 7 Првиот пат кога седев на чаршијата, во кафе-барот во Западот, знаев дека судбината кој знае поради што, повторно ќе ме врати таму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неизоставно ќе ѝ се јавам, си ветив, и ќе ја проверам состојбата на теренот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас не сум „по колачите” и ако воопшто сакав да сум на местото на Јана, тоа беше поради кошарката, зашто бев убедена дека е подобра од мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)