Тука, на прв план, ги имаше предвид Маркс и Енгелс. За него тие си беа умни, големи философи на XIX век, ама не пророци на идеологијата на комунизмот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А беше умна жена и знаеше да се варди од провокативните, политичките прашања, за кои беше мошне добро подготвена, особено пред да патува, кога не ги напушташе Татковите книги, особено неговата Историја на Балканот низ падот на империите, посебно задлабочувајќи се во „албанското прашање”, во сите негови варијанти, вклучувајќи го тука и хроничниот проблем на границите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Командирчето знаеше на многу работи да премолчи зашто беше умен, си го чуваше зборот за полоши времиња па луѓето како што го засакаа него така се засакаа и меѓу себе.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Што ти е човекот, велеа луѓето, учителот беше умен, преумен, а откако ја загуби жена си и сина си, му стана нешто на кутриот...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)