Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Куќата набрзо беше урната, мачката отруена, синот исфрлен од училиштето, жената во лудница, а филологот во затвор поради инцест.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Беше уште една негова заблуда, заедно со сите други заблуди, што сега беа урнати во него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мојата мала дипломатска стратегиска тврдина мигум беше урната.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Веројатно сте во тек, синоќа министерот Брахими поднесе неотповиклива оставка од својата функција и денес отпатува за Париз...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)