Вујко беше храбар и мудар човек, еден од избраниците на историјата кому жртвувањето за виша цел во животот, му даваше посебна цврстина на карактерот, го правеше храбар и решителен.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
За средината во која што живеев тоа беше храбра одлука толку млада да се одделам од родителскиот дом.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Пишувам “Ова е цената” и знам дека поминав нешто ужасно, се надевам дека сите сфатиле колку всушност бев храбра; силно го прегрнувам Адријан и се чувствувам вознемирена секој пат кога се одалечува од мене личејќи на Исус кој оди по вода.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
По некое време светот е сведен на нешто многу мало и почнувам да плачам. Се чувствувам отсечена од светот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Многу беше храбар, ќе одеше на терапија неколку часа и потоа продолжуваше да одиш на работа.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Јас, иако од забитите краишта на Империјата, дури од Маказар, бев храбар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но тој сепак беше храбар човек...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Абу Амар не можеше да го направи дефинитивниот исчекор од легендата - прифати Махмуд Дарвиш - кога реалноста беше толку многу видлива, опиплива, можеби решавачка!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да сум осуден на заминување. – Татко ти, спокојна му душа, беше храбар човек, ги издржа сите налети, остана силен на своето место! – Јас како да ги наследив мајкините гени, морам да ги истрадам нејзините заминувања. Ѝ реков пред некој ден оти ќе заминам преку границата, со жена ми и децата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)