Од имотец, освен едно криво магаре, немаше ништо, та беше принуден да прави катран од големите борови во блиската планина, да го продава во Битола и да носи на две недели по едно осмаче 'рж или царевка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јован Сивев, или како подоцна го викаа просто Сиве, по презимето, беше чистокрвен мариовец од Будимерци, едно селце од оние дваесет и пет што го прават горно и долно Мариово..
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)