Зборовите на госпоѓа Марилеа за Ема беа шокантни, но брзо се прибра, пред сè затоа што таа никогаш не сакаше убавите чувства да ги гарнира со лоши претпоставки и секогаш, особено кога беше во прашање милата госпоѓа, се држеше до првото ниво; едноставно не сакаше за причините да размислува врз основа на факти кои допрва треба да бидат осветлувани.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)