бев (гл.) - криво (прил.)

Секако на обајцата им беше криво што го расипаа договорот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Стојан му завидуваше, му беше криво оти и тој да не знае како него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И нему, и на господ ќе му беше криво таков јунак од надопица да загине.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И вели, изваувајќи од појасот цела лира и подавајќи му ја на Лазора, за побрзо оздравување и оти го победи Иса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не му беше заради самото крувче, како што не му беше ни само заради компирите (пак ќе се роди нешто!) Не, тој се чувствуваше излаган во својата верба, насамарен, и му беше криво дека се покажа толку наивен да оди по умот на овој калпазан, како што почна во себе да го вика Пискулиева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Газеше важно, и како да му беше криво дека не може да тропа со боси нозе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Па сепак им беше криво толку што скоро заборавија зошто не им излегоа во пресрет.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ова овде испадна исклучок што го потврдуваше правилото на летка така што и нејзе ѝ беше криво што идејата ѝ се изјалови.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но и тешко ми беше што продолжуваат да патуваат, а не се враќаат дома, како да заворавиле на нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Со големи бранови – се насмеа тој – а тебе ти беше криво што тие се капеле, а ти не? - Да, по малку.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што ни направило цвеќето, господе, што беше криво тоа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навистина ѝ беше криво што го нападна детето, но сосем беше извадена од такт.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И сега, макар колку да и беше криво што јаклоцна кадијата заради Анѓа, таа не ја мразеше ни Анѓа ни кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Малку им беше криво што беа пробудени предвреме, се колнам, да ги оставеше човек така, на нозе, ќе преспиеја уште неколку векови.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Почнаа да ме караат, тропаа дури со нозете, јас не можев да ги разберам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Русинот ми даде малку леб. И многу ми беше криво што не можев да му се заблагодарам, малку бев зашеметена и брзо си заминав од кај нив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А мене ми беше криво, бев љубоморна и плачев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Толку му бев благодарна на зет ми, но исто толку ми беше криво зошто не можев да одам кај нив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ја избришав и ги ставив сомуните да се печат и избројав дваесет и еден леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Само што се вратив слушнав пишталката свири и сите моравме да се најдеме на зборното место. Ех, како ми беше криво!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На другите деца им беше мило што Николче дојде, а по малку и им беше криво што Трајанка беше преналутена.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
III Мил по цел ден времето го поминуваше во лабораторијата; работеше експериментираше и не се обезхрабруваше: но му беше криво што никој не го разбира да го помогне, да му даде средства за да го реализира овој свој потфат; селаните и пред тоа не му обрнуваа внимание, а особено сега кога секој ден трепереа и не знаеја што ќе се случи со селото, со нивните животи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)