Иако и натаму редовно одеше на училиште и со успех го водеше својот клас, дома сѐ беше навреме завршено и во ред.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Арно, ама, ордијата беше навреме откриена и уште при преоѓањето на Црна на самиот мост принудена на бегање, така што таа му донесе на кадијата, место очекуваните пари и покорност, извештај дека Мариовците се побуниле и не ги пуштале ни да ја преминат реката.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)