На првата претстава публиката беше неочекувано голема.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Неговата книга со брадавици на насловната беше неочекувано анти-задоволство.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Крајниот ефект беше неочекувано сладок – истовремено и многу соодветен, многу смешен, па дури и прилично секси.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во еден кожњачки бар во Мексико Сити, по име Кај Том, каде што отидов летото 2006 година, на екраните без звук се прикажуваше геј-порно, а од звучниците трештеа сопрански арии од велики опери.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Гронинг: Можеби мојот најомилен стрип магазин во моментов.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Се чинеше дека небото, како што беше ведро и извишено, одненадеж се распукна, падна на земјата и се пачоса, дека птиците ги спуштија крилјата и се притаија во седелките, дека сè стивна и се заплати, дри и жегавиците, а луѓето во полето, жетварите, ги исправија снагите, ги префрлија срповите преку рамо и стаписани ги слушаа Атанас - толку што беше неочекувано, и жалоито, речиси нестварно, неговото лелекање и редење.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го редеше Атанас сиот сој Дамчески, од кој, откако се знае во Потковицата за Дамческите, толкумина паднаа за жална Македонија; го редеше Атанас татка си свој, Ѓорета Дамчески, кој, одејќи по патиштата на дедовците и стриковците, и по патиштата на татка си Блажета Дамчески, уште, од младешки години окапа по затвори, за истата таа Македонија, а таа, кога се ослободи и кога тој им беше најпотребен на децата, на жената и на имотот, го затвори; ја редеше Атанас мајка си Илинка Дамческа, на која, при жив маж, ѝ помина животот како на вдовица, во црнина, ги редеше Атанас браќата свои, кои при жив татко беа небаре сираци, потурнати, а кога зеде да ги реди сестрите, Милица и Милјана, е, тогаш - на сите кои го слушаа им препукнаа срцата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)