5. Извештаите од Арслана и Сефедина не го изненадија прилепскиот кајмакам и бимбашијата, бидејќи тие беа однапред известени за востанието и дури им се израдуваа на овие извештаи кога прочитаа како лесно бил одбиен нападот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Искинатите телефонски мрежи и железничкиот сообраќај меѓу Битола и Солун, запалените беговски чифлички кули и слами, оружаните напади во целиот битолски револуционен округ, поразите на аскерот скоро во сите операции, му задаваа сериозни грижи не само на валијата и пашата во Битола, туку го натераа сериозно да се замисли и Хилмипаша во Стамбол, а преку него и самиот султан Абдул Хамид.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се очекуваа нашите реакции, моите како писател-селектор посебно, макар што сè беше однапред подготвено, наложено.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сè беше однапред предвидено, подготвено.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Неговите молитви ретко беа однапред смислени или формални.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Реков дека ќе го погубам така и алах ми ја исполни желбата, си велеше во себе кадијата кога ги судеше бунтовниците и одбираше кого да го осуди на смрт освен поп Јакова, кој беше однапред определен како водач на бунтот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Како да беше во договор со смртта, верувајќи толку силно во животот...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Животот му беше однапред жртвуван за да му ја утврди, потврди слободната држава на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сакав да му ги оттргнам мислите од таа борба, но знаев дека противречењето не е лек за неговата болка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зборуваше како да се бори со себе, и како ишодот на таа борба да му беше однапред познат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)