бев (гл.) - подеднакво (прил.)

Се разбира, од суштинско значење беше да се обезбеди соработка со Филаделфискиот музеј на уметноста, кој ја позајми, покрај многуте други и прославената „Стриптизета која слегува по скали“ (1912).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Музејот на современа уметност од Њујорк беше подеднакво дарежлив во своите позајмици; иако одби да учествува со делото „Да се гледа одблиску, со едно око, скоро цел час“ (1918), детална студија на стакло за еден дел од “Големото стакло” (дело кое како и „Големото стакло“ е многу осетливо и кршливо), музејот се согласи да ја позајми својата голема моторизирана конструкција од 1925, „Ротирачка хемисфера (прецизна оптика)“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тогаш не ни забележуваа на кој јазик ги читаат, оти српскиот им беше подеднакво близок како и нивниот мајчин јазик, македонскиот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И можеби за првпат во својот живот, тој, кому и помислата на Бог му беше подеднакво туѓа како и онаа дека потекнал од мајмун, се помоли.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Близината на селата од каде што се слушаше лаењето на кучињата не ја сеќаваше како некоја утеха – и тие села, и нивните жители, и нивните обичаи му беа подеднакво туѓи, исто толку одбивни колку и шумава низ која одеше, и во него будеа само студ, кој му го штипкаше срцето исто како што овој, надворешниот студ, му ги штипкаше образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не ми недостасуваат само мене!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секоја наша средба и разделба беше подеднакво и весела и тажна. Солзи. Смеа. Спомени. Надеж. Ветувања.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашите свести запреа и тоа мирување беше подеднакво интезивно како и претходното движење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)