Откако ручаа, Трајанка, единственото девојче што веќе неколку години другаруваше со нив и во ништо не беше подолу од ниедно од децата, го изваде од торбата шишето што утрината случајно го понесе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Навистина, тие в село не беа многу прочуени, оти слабо се мешаа во селски работи, ама со сермиичка не беа подолу ни од Чкулот и Лесната, кои секоја година, ја едниот, ја другиот, беа коџобашии.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)