Ова на Мајка првпат ѝ се случи во Италија непосредно пред Втората светска војна, кога беше првпат на патување во странство со Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Знаев дека никогаш повеќе нема да го видиме во цела должина и затоа тој беше како и нашите животи - би поминал еднаш покрај нас и никогаш повеќе не би го виделе.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Најчудно беше тоа што и мене ова ми беше првпат да го гледам тој филм - штом го измонтиравме го донесовме во кино.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Утредента Синематик почна да прикажува двочасовна верзија на нашиот 25-часовен филм и тоа беше тоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Потоа ѝ се чинеше дека згреши што му рече „Те молам“ зашто тоа звучеше како да му се нуди што впрочем не ѝ беше првпат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тоа му беше првпат да држи пушка в рака, не знаеше како се ракува со неа, не знаеше дали е полна или празна, па затоа и со толкава внимателност ја чистеше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не му беше првпат да се најде во ваква положба, а планината и дивината го беа научиле како да се однесува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мислам, тоа беше првпат да се најдам во ситуација во која знаев дека сум во право а ете, моите аргументи, колку и да беа разумни, колку и да беа исполнети со сите оние додавки што го осмислуваат животот, како што се моралноста, правдољубивоста, коректноста, дружељубието, и многу други, во случајот кога ја играв партијава шах со пријателот Господ Саздов звучеа шупливо, како да се изговорени од исушени лисја паднати одамна на земјата, и тоа изговорени од нив додека биле во состојба на умирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тешко е да се најдат пет илјади во неволја, многу тешко. Тогаш Жаклин беше првпат насмеана, месје.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Воопшто тоа беше првпат кога децата толку многу се пуштија, заборавија на редот, на правата линија.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Нашите погледи срамежливо ја испитуваа голотијата, и си ги баравме очите – јас неговите, тој моите - и потоа погледите ни паѓаа на подот, од срам, од збунетост, од страв; сѐ беше првпат, погледот на голото тело, оние неколку чекори до постелата направени со таква несигурност како тукушто да сме научиле да одиме, приближувањето на нашите тела, нивното испреплетување, и дишењето кое беше силно како по раѓањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Еден ден ми рече: “Сакам да ја посетам мајка ми.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Минатата година бевме првпат, навистина, ти вела - со еден збор - супер!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Тој беше толку деконцентриран поради доцнењето на Марија, што не можеше да се сосредоточи дури ни на наједноставните трикови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоа беше првпат таа да задоцни во времето на тие речиси две години многу сложена, слободна брачна заедница, и тој како објаснување ги претпостави силните врнежи кои ја потопија целата покраина за време на викендот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)