За нивниот однос дознавме подоцна, од брат ѝ Густав, а Клара тоа го премолчуваше, Клара низ смеа раскажуваше како луѓето фрлаат по неа со камења кога ќе ја виделе како вози велосипед или кога е облечена во пантолони, затоа што во тоа време беше срамно жена да носи пантолони или да вози велосипед, Клара со мачнина раскажуваше за децата кои останале на улица по смртта на родителите и кои умираат премрзнати и гладни, Клара со гнев раскажуваше за неправдите кои ги трпат жените во браковите, и повторуваше: „Ние девојките самите треба да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.“ …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше срамно од моја страна, но јас прифатив.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе беше срамно да не ја застапувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да, и тоа можев да го речам... Но ете, не го реков.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Честопати мислев на светот и времето кога бевме девојки, мислев кога веќе одамна не бевме девојки; мислев на девојките на нашето време, за кои Клара велеше дека конечно треба да се ослободат, девојките за кои мојата мајка велеше дека местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Точно е дека ништо не видов, но точно е и тоа дека можев да се досетам подобро од секој друг како дошло до несреќата и кој го испратил тој луд Ракоткин да го среди нашиот Ролан Јаковлјевич! И која била причината!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)