Лепливо се мрешка чадот и ја затестува сивкавата замагленост. И очите му бегаат надвор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пусти га, ѓаво га однеја. (Пијаниот се исчепкуе и бега надвор. Тешка пауза).
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Жените и децата припиштеа кога видоа дека гори куќата и летнаа да бегаат надвор од дворот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толку ти е мило во душата што при секое посегање да сркнеш од чорбата, лажицата ти бега надвор од ваганот. На несакање ти бега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Додека така седи и слага, забележува, се враќа Геле, деверот на Богородица (Господи, речми, наистина е свитица?), ги буди децата на Богородица, сите четворица нешто шепотат, а потоа зеват од шејовите и пулејќи да не стапнат врз некого, бегат надвор.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)