бележи (гл.) - настан (имн.)

Ти си се трудел да ги бележиш настаните што се покажале како важни, дури и клучни за животот на твоето семејство (најчесто него го атрибуираш како емигрантско и балканско), но и да ги профилираш неоспорните протагонисти на тие настани: Твоите родители есенцијални, морални, егзистенцијални и (оттука) творечки, естетички вертикали на твојот свет. Не само литературен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Семејство здружено во длабока, сосема тивка и сосема автентична љубов.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Читајќи ја Твојата семејна сага, човек просто мора да Ти заблазни за овој силен, моќен, исклучително редок, во секоја смисла бесценет жителски ориентир, што си го добил со своето воспитание.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)