биде (гл.) - она (зам.)

Заради таа горчливост беше бессилен да се спореветри и да биде она што бил.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа можеше така да постапи бидејќи неговата стварност (неговите желби во однос на неа), не ѝ беа сосема туѓи, иако тоа беше стварност на некој друг; соодветствуваше со нејзината сопствена автентична желба да биде она што е.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Биди она што сакаш, а не она што треба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Блажени се оние што со храброст во своите срца ќе истраат да бидат она што од навек биле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа ми забрануваше да ја сакам, ми забрануваше „јас“ да бидам „јас“ и јас да решавам што ќе сакам и што ќе правам; со тоа, таа ме лишуваше од себеси самиот, како што се прави тоа кога човек се става во затвор, па му се одзема правото да биде она што по професија е, да биде сопруг на својата жена или татко на своите деца, да биде пушач, па му се одземаат запалката, цигарите, сликите од семејството, паричникот, врвките, каишот; тоа беше чиста политика, идеолошки терор од прв ред: да не му дозволиш на човека да биде она што е!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас секој ден одев во просторијата во која се подготвуваа костимите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние другите, кои не посакуваа да бидат нешто друго во овој свет, туку сакаа да бидат она што се во еден поинаков свет, си подготвуваа облека која требаше да ги заштити во овој свет овде – си правеа оклопи, или наметки од жица кои изгледаа како кафези; си подготвуваа костими кои требаше да им помогнат да се изборат со овој свет, и во нив се престоруваа во опасни животни, или во ѕверови од некоја фантазмагорија; си подготвуваа облека која можеше да им овозможи да побегнат од овој свет, па си правеа крилја за да одлетаат, или си кроеја облека што не беше облека, туку ткаенина која обликуваше подвижен ѕид, ковчег, камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега имаш доволно докази за живот - спомени кои ја потхрануваат имагинацијата небаре е суета - долго ликување на заборавот, невидима јама. И, се разбира, парадокс: ќе биде она што најмалку си го посакувала во склад со законот на убедлива веројатност.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)