- Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес... - прекина само за миг небаре наслушуваше дали нејзините зборови стигнаа таму каде што ги упати.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Откако се прекрсти, го кажа Очетонаше вака како што јас го научив и го запаметив: „Оче наш и татко, иже еси на небесата, да свјатитсја името твое, да биди волјата твоја, како на небото така и на земјата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)