Премногу долго седиме на страна и размислуваме што е тоа што би не исполнило, што би ни ја вратило насмевката и радоста, наместо да станеме и да го направиме тоа што ќе не направи среќни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Потребна е храброст да се променат работите, но со магијата и волшебството што го чуваме во срцето можеме да бидеме љубов за да најдеме љубов, да веруваме во можностите и слободата и ќе најдеме среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ќе ги менува сите облици и агрегатни состојби, но пак ќе биде Љубов..
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Дека Ирис ќе биде љубовта на неговиот живот, Р знаеше уште во прво одделение, кога ѝ го крена фустанчето за да види од каде ѝ растат нозете.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)