биде (гл.) - долг (прид.)

Јас те прашувам тебе дали можеш да направиш ем да ми расте косава, ем да не ми биде долга.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се надевав, дека престојот во С. не ќе биде долг, дека брзо ќе се види дали ќе успее мојата мисија, дали моето име на главен коментатор и уредник во „Време“, со години на ред и главен аниматор и учесник во некои важни кадровски консултации, ќе биде гаранција дека брзо ќе ги завршам работите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Климент Камилски, откако му наздрави на Татко да му биде долг животот и вечни книгите, мигум побара да ја види библиотеката која, всушност, почнуваше од ѕидовите на чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)