биде (гл.) - искрен (прид.)

Да бидам искрена и не го паметам многу.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дека има многу подлабоки содржини, ама желбата на Ласа за бурма никогаш не згасна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа нејзина желба за венчаница, да бидам искрена, никогаш не ја разбрав, затоа што јас никогаш не сакав ниту свадби ниту раскошен невестински фустан.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Да бидам искрен, и тоа и тоа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ИВАН
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- На Таша сите ние и должиме, а тебе ти се при рака можностите а ако сакаш да бидам искрен, и честа - пресече Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Станавме највидна организација за семејните вредности во државата и, да бидам искрен, една од највидните во земјата.“34
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
-Не, да бидам искрен, не сум сретнал млад мудрец – се помири Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се колебав, навистина силно се колебав дали да ти пишувам за него во писмото, но како што и обајцата веќе знаеме дека за ова писмо не е важно кога ќе го добиеш, туку што во него ќе прочиташ, решив да бидам искрена до крај.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Градејќи го ткивото на расказите, настојував да бидам искрен, да создавам со елементи кои ми прилегаат, кои произлегуваат од мене и ме прават препознатлив, како и во поезијата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таквиот „обратен“ процес, да бидам искрен, многу ме измачи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас бев искрен, затоа ве молам и вие да бидете искрени кон мене, со што полесно ќе влезете и поубедливо ќе го доживеете светот во кој сакав да ве воведам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Ќе бидам искрен и ќе ти кажам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На оваа искреност мораше да биде искрен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Може ли да те прашам нешто, но сакам да бидеш искрен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За чудо уште верувам во тоа дека јас и Бојана ќе го турнеме Стојан од својот престол... или да си бидам искрен пред себе си – сеедно ми е како сето ова ќе заврши... господе само немој да им наштетат на мајка ми и на татко ми... ако работите тргнат наопаку белким ќе бидат задоволни со мене и мојата смрт... * * * - Бојана мора малку да го потсредиме нашиот гардист.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да бидам искрен, никогаш не сум бил толку восхитен од Ренесансата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Да бидам искрен, мама ми плакаа тие ликови од „Алан Форд“!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Ајде, биди искрен – инсистираше Дуда – ако не беше Катерина дали ќе ме земеше?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Господи, Дудо, колку си директна! Ти реков, не смееш да се предаваш!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но зошто да не бидам искрен и да не признаам дека што се однесува до мене лично, јас поминував покрај сите тие несреќи сиот запенет од сопствената младост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И помеѓу тие ситни разлики за жал стои цела една смрт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе бидам искрен, ти ми се допаѓаш, но Денко го сакав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку, да бидам искрен јас бев веќе заклучил дека и тогаш ништо значајно нема да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да бидам искрен, го насетив парадоксот и добив желба да направам - и јас, недостоен раб Божји - свиден и битен пресврт што сликарски, што духовен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Добро, миличок, ќе бидам искрен.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да бидам искрен, јас немам поим што значи тоа: андерграунд, освен ако под тоа не се подразбираше дека ти не сакаш никој да дознае за тебе и да те вознемирува како што тоа го правеа за време на Сталин и Хитлер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, заради толку различните видови на филмови кои можеа да се видат, никој жив не можеше да укапира што андерграунд всушност значи - освен тоа дека тие филмови не му 164 Margina #11-12 [1994] | okno.mk припаѓаа на синдикатот и дека не доаѓаа од Холивуд.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Или барем така порано говореа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сакаш нешто, биди искрен, биди доволно храбар и ќе го добиеш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се однесуваат нечесно кон себе си и поради тоа неможат да им дадат значење на некои од суштинските работи кои ќе му дадат вредност на нивниот емоционален живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Човекот знае силно да сака и ако сакаш некого, лесно е, кажи му, зошто можеби и тој чека да ти каже дека неможе без тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Луѓето чувствуваат немир, незадоволство, страдање зошто се исплашени од префинетата искреност. - „Толку ли е тешко да се биде искрен?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас не би сакала да ве разочарам или да ве растажам, бидејќи се чини дека вие многу го почитувате, но за да бидам искрена, јас морам да ви речам дека читајќи ја книгата Видал и своите, јас уште подобро разбрав зошто вашите книги толку силно ме троgнуваат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Знаев дека ќе го повредам и тоа многу, но сепак морав да бидам искрена со него а и со самата себе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Да бидам искрен, никогаш не ми се допаѓала идејата за вечера и кревет по три пијалока, и девојките што се однесуваа како да биле во затвор шест години и излегле токму на време да се нашминкаат и да скокнат во твојата кола.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Конечно, по две недели од патешествието во Рајнбек, таа ме повика во својот стан. На пијалок, рече.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бреда - тоа е нејзиното име, Бреда Друнхил, на самиот звук на нејзиното име се топев - Бреда беше поинаква.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И биди искрен, не заборавај. Најпрво пред себеси.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Да бидам искрен со тебе, ова што ќе ти го кажам никој не го знае.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да бидам искрена, разочарувањето беше големо.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повторно ќе бидам искрена и ќе откријам уште едно од моите патешествија со Змејко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не ти се допаднал, не ставај го, биди искрена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А не вака, по толку време ти текна и мислиш дека треба да бидам среќна заради тоа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)