биде (гл.) - нивен (прид.)

- Јас одамна сум ја клал главата в торба, сум ја набил на кол.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тие сакаат да нè впрегнат во нивниот јарем како волови во кола и да бидеме нивни робови.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кои ќе бидат теоретиците на новото течење, каде тие теоретици ќе ја развиваат својата дејност, каде и каква ќе биде нивната аудиторија, од каде ќе се земаат средствата за пропагирањето на идејата, како ќе проникне таа во народот и како ќе се поддржува во него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овде луѓето настојуваат да оформат некое претпријатие, мало, самостојно, но да биде нивно и такво во кое ќе можат да дојдат до израз нивните иницијативи, слободата и свеста за самостојност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стомачето, исто така, се зачуди на мојата реакција, веројатно и тој мислеше дека одвај чекам некој од пејачите да ми пријде, а зошто, за да бидам нивна евтина играчка, не благодарам, имам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Партиите бараат театрот да им припадне затоа што сметаат дека сѐ што може да им ја утврди популистичката политика, треба да биде нивна сопственост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја прашав Луција зарем не е поумно да води љубов со мене, одошто да биде нивни активист.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знаеш, пречесен, на меропсите им остана во закон, освен што го даваат царскиот перпер, неделно уште по два дена да му работат на пронијарот, еден ден да му косат, друг да копаат во лозјето, да му вршат или збираат жито, а само она што ќе им остане да им биде нивно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Средбата со Карл и неговиот престој тука, ќе покаже каков ќе биде нивниот однос. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тие дошле со полицајците, најпрвин татко му на Маренецот кој беше сигурен дека ќе бидам нивна снаа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сакаа тоа да биде нивни дар на црквата за да им помогне Св. Богородица да им дојде синот здрав и жив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)