биде (гл.) - осамен (прид.)

Играчка е, ќе се растажи, а ете и играчките можат да бидат осамени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Вратите да не бидат осамени, го затворам прозорецот на својата душа.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Да бидам осамена во мојата своевидна лабораторија, кога сите се дружат, одат на работа како нормални луѓе, пијат кафе на пауза со колегите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)