биде (гл.) - стрплив (прид.)

Чекав. Еден ден строго ја предупредив: - Јас чекам и ќе ја дочекам, се надевам, таа твоја среда, ама внимавај како ќе ми соопштиш дека дошла, оти може да побудалам од преголема среќа, може дури и срцето да престане да ми чука и да умрам од радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бидете стрпливи! Да го дочитаме писмово!“ ги смируваше претседателот Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мајката, ама нестрплив човек... Чекај! Чекај! Ќе дојди, па дури тогаш ќе разбереш!.... - Така е, другари, треба да се биде стрплив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ЗАМИНУВАЊЕТО НА МИЛА
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми одбиваше да даде какви било информации околу значењето на таа нејзина среда во која двете ќе заминеме за Париз и ме убедуваше дека треба да бидам стрплива и да чекам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе почекам и ќе бидам стрплива.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И не секирај се, ќе им помине оваа фаза, треба да бидеме стрпливи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тивко, на уво, ми вели: - Бреза, Брезичке, биди стрплива, немој да “давиш”, утре јас специјално за тебе ќе го распостелам, сега оди легни си, а наместо приказна, ќе ти раскажам некои многу интересни нешта поврзани со килимот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)