За да биде градбата здрава, треба темелот да ѝ биде убав.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Или хероината од бајките мора да биде убава, нежна, и да, русокоса, што значи автоматски лесна за манипулација, наивна и - глупа.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Секогаш сакав да бидам убава за тебе, купував убави работи, те прашував за мислење…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Тоа ќе бидат убави денови, исполнети со работа, скитање по околните ридишта и кории и смирување во долгите зимски вечери, покрај огништето полно со жар, покрај саканиот старец кој ќе има можност да се изназборува за сите долги, премолчани месеци во планинската осаменост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
ЛИКА (На мајка ми) И ветив на мојата нема муза дека ќе бидам убав и длабоко ќе ријам до шепотите на твоите вечни бдеења.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
В таква пролет, златокласа младост, моја земјо, да те градам, љубам, и сѐ така и со таква младост, крај мој, роден, ти ќе бидеш убав!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Не очекував ваков почеток на разговорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За секој кариерен дипломат ова можеше да биде убав момент. Не коментирав.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Изразџавкаа: - И ние сакаме да бидеме убави како тебе!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Идејата беше во друго: тие да ни бидат убави продавници. И стана...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Некого ќе навредиме. Некој нас ќе нѐ навреди и така натаму, и така натаму, а сето тоа се причини да не ни се остварат желбите: денот, неделите, месецот, годините да не ни бидат убави.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„За една недела ќе ти го сплетам пуловерот“, вели мама.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Ќе ми бидеш убав. Нели? Сакаш да си убав?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И нарциси, и лалиња ќе набереме и ќе ставиме во ваза, собата да ни биде убава и празнична.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Тогаш за првпат ѝ било спомнато на Трајчеица, и тоа в очи, дека треба да се спушти на земјата; дека не смее да мисли дека сѐ што лета се јаде; дека мажот не е секогаш само маж; дека покрај тоа што е маж сака да биде и љубовник, и додворувач; дека на жената ѝ е порачано да биде убава; да биде посакувана;
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Бабо, немој да плачеш, ќе те насликам расплакана, нема да бидеш убава на цртежот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)