биде (гл.) - уверен (прид.)

Беше речиси невозможно да го слушаш, без најнапред да бидеш уверен, а потоа и спобудален од бес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе ве убијам, бидете уверен, ќе го сторам тоа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Следбениците, меѓутоа, исто така мораат да бидат уверени дека можат да ги победат своите непријатели.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Биди уверен, пријателе, дека патот ми беше познат: пет чекори до првиот басамак, дваесет и три крцкави ребра на скалите, девет чекори на лево до собата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)