Постоеле правила што умните по никоја цена не ги погазувале, а таа себеси се сметала дури сто на сто умна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Имал пет крави, не знам колку овци, и не знам уште колку ниви, па иако бил вдовец таа пресметала дека само зад таквото богатство можела да смести лулка во која ќе одмарала нејзината сигурност, а нејзе во животот само сигурноста ѝ била важна, ништо друго.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мојата мајка Амалија Натансон уште била во годините на невините мечтаења кога нејзините родители, без да ја прашаат, го договориле нејзиниот брак со трговецот со волна Јакоб Фројд, кој веќе бил вдовец и тукушто станал дедо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со сопругот, кој бил постар од татко ѝ , морала да замине од Виена во едно малечко гратче, каде што заборавила да мечтае и да плаче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)