Без каење тргнувам во потрага на неограничени прекрасни можности за живеење, исплетено со бои и мириси, како сонувач, талкач, скитник, живот без пауза, зошто секое погрешно застанување би било крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Страв ми е да погледнам во тој нерешен крстозбор што ги кочи сите можни сознанија, за тоа каков би бил крајот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- Кој ќе знае кој би ни бил крајот, ако не си простуваме еден на друг.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)