Не се учеле. Момчињата со први брчки на челото веќе биле мајстори.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лозан Перуника можел да види во пештерите свои врсници, дури и помлади.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште од дете правел крлуци, кавалчиња и вургити, а подоцна бил мајстор не само за јарем и рало туку и за секаква покуќнина: лажици, софри, ноќви, соларници, лајчарници и секакви други работи.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Стариот бил мајстор. Тој кажуваше како правеле негде мовче, па едните крадат кочани, а другите од скелето гледаат наоколу и ако се зададе газдата, Турчинот, тие се разбираат на бошкачки јазик: Еј лупари брееј, гура лајче*.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кога навршила 16 години, добила понуда за брак од мојот, сега веќе покоен, дедо кој бил, ни помалку, ни повеќе 11 години постар од неа, но затоа пак бил мајстор над мајсторите во градежниот занает.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)