бил (гл.) - ист (прид.)

Така низ целата историја се повторувала борба која во своите основни црти секогаш била иста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подоцна се утврдило дека гостинот од пред 17 години бил истиот и сопственикот на хотелот не само што барал уште потолерантен однос од своите вработени кон својот необичен гостин туку побарал од хотелскиот персонал и да му бидат при рака за секаква помош на Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Снеже зборуваше за детството, за романтиката на живеењето кога сите биле исти, за годините на колонизацијата и прилагодувањето во новите краишта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Значи, авторот и на едниот и на другиот текст бил истиот, учителот Димитрија Боте, со тоа што е очигледно дека првин ги правел записите, а потоа дел од нив објавил во „Цариградски весник“ во форма на допис под рубриката „Портрети на видни спомагатели на народната култура“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Они дома се враќаат со една нога, или со една рака, или нешто внатре им сечеле и никогаш они не биле исти.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поради тоа што носителите на политичкото ропство и оние на економското угнетување биле исти, во сознанието на македонските маси социјалната неправда, економската експлоатација и корупцијата на државниот апарат се врзувале со политичкото и националното ропство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Светот никогаш повеќе не би бил истиот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мртви, ги слушате ли моите воздишки и дали вашите соништа биле исти како моите?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ е смрт, сѐ е смрт, мислел со сеќавање на суштество над чија крв веќе управувала судбината на возрасен човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За кутрине геј-мажи што имаат триесет и некоја година, кои наводно се држат за старомодна и веќе бајата верзија на машката геј-култура – верзија на машката геј-култура што не му значи ништо и му е неупотреблива на некој што е тинејџер или што има дваесетина години – очигледно се истине што, само некоја годинка пред тоа, впрочем, биле исти онакви тинејџери пионери и ги проодувале првите невини чекори во бодриот нов свет без хомофобија, несвесни за геј-културата и индиферентни кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Чиниш, точниот одговор, кога би бил најден, за црните луѓе би бил истото што и првите петли за вампирите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Телата на оние кои не го преживувале лудилоизгонувањето биле фрлани далеку од живеалиштата, за да не влезе демонот во некој друг член од заедницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во сите примитивни заедници лекот бил ист за сите за кои се верувало дека биле опседнати од демонски сили – им ги продупчувале главите, за да излезе од нив демонот на лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите деца сме биле исти.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бил истиот оној дедо Геро: весел и насмеан, секогаш со кавалче на појас, крај кубурите со килибарни дршки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Тоа бил истиот сон?“ „Истиот. Му велам дека и јас сум го сонувал.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Неодамна наидов на една книга од психологија во која ја подвлеков следната примедба: “Родителите им го крадат на децата сопствениот идентитет кога бараат нивното дете да ги оствари нивните нереализирани животни амбиции”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Прашањава звучат празно, бидејќи имаме работа со еден горостас на модерната литература, но тие можат да фрлат малку светлина на прашањето за Борхесовата несреќа, како и на конечното прашање за Борхесовиот придонес кон хиспанската и светска литература. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 212
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дали стремежот на синот бил ист како оној на таткото?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И, со тоа што ги остварил стремежите на татка си, дали синот ги оневозможил сопствените?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)