бил (гл.) - мал (прид.)

Тебе ќе те слуша агата оти ти биле мали снопјето!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Според една легенда, во средниот век, Омејадите, престанувајќи да ги преобратуваат немуслиманите, го прифатиле системот dhihmi, кој ги штител христијаните и Евреите, коишто можеле да продолжат да ја практикуваат својата вера, но по цена на тежок данок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И додека во тоа време Париз и Лондон биле мали, неразвиени градови, Кордоба имала околу сто илјади жители и библиотека со околу половина милион книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Претпоставувам, кога Шакира била мала, играла и пеела, сонувајќи дека еден ден ќе биде славна пејачка и танчерка. Го постигнала тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А тој настан не бил мал, напротив, бил мошне голем за да може да се игнорира.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не знам што ми правеле кога сум бил мал, ама мора некаде страшно да ме заебале штом сум сега ваков.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И така, во тие натчовечки нагризувања на студените одаи, човекот и каменот сраснувале еден во друг: за дел топлина карпите им подарувале на луѓето студенило што ќе го носат во своето месо додека се живи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нивните намачени и искривени коски биле мала историја на една доба и на еден живот и, ако може така да се објасни, челата им се облевале со сонце само во дните на големите празници; тогаш седеле крај трпеза и уживале во празничната ослободеност на коските и на жилите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајка ми често се присетува дека секогаш се радувале тие трите, таа и моите две тетки, кога биле мали, штом дедо им Марко ќе почнел да им ја кажува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ним почнуваат да им растат постепено цицињата, им се појавуваат првите влакна под мишките, се нафрлаат со мозолчиња по лицето и по телото и почнуваат да се интересираат за момчиња малку повеќе и на поинаков начин одошто кога биле мали девојчиња.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога си бил мал. Те држеле на растојание непристојно од космосот. Затоа имаш фантазија.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но не можел. Бил мал... - Како мал? - ме прекинува Весна. - Дете?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Биле мали, уште пред година-две. Ги мразам повеќе од сите. Прво нив ќе ги убиеме.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)