бил (гл.) - обичен (прид.)

Ниту Братството, ниту пак книгата беа теми што кој било обичен член на Партијата би ги спомнал ако имаше начин да го одбегне тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А списокот не бил обична хартијка туку вистински документ проверен и потпишан лично од нивниот голем генерал Деникин.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од сликата се гледа дека не биле обични војници, а медалите сигурно ги добиле за својата храброст.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од сето ова и поради сето она неуките и набожни души исковаа чудна приказна - дека тој што го одвел Бошета не бил обичен човек, бил светец, сам свети Јован Крстител, сам тој направил така, ги замелушил Јанческите за да не го препознаат кој е.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако постои, дали бил обичен смртник.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, далеку од факти, ваквите генерализации за геј- мажите биле обични заблуди – на пример, дека геј- мажите се модни зналци или познавачи на дизајнот, дека се мераклии да се облекуваат како жени. ‌Џон, вели, цел живот се борел против тие стереотипи и не сакал да гледа како сега нив ги поткрепуваат и високообразовни установи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Татко ти и самиот мислеше оти изгледот и појавата на тој Ролан Јаковлевич биле пресудни и тој да поверува дека Ролан Јаковлевич никогаш не бил обичен војник или граѓанин.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)