Со убедување наставникот го запиша и Љупчо - тој е највисок и прв се реди по фискултура.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
А Загорка Пеперутката тврдеше дека гипсот не ѝ е ставен за да го потпомогне заздравувањето на коските. Таа немала ниту една коскена скршеница.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Шегата била одличен лаксатив. Најбрзо и најефикасно ги прочистувала депресивните канали.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој е пример за тоа дека и без завршен факултет може одлично да се живее, иако баба ми Санда често со жалење раскажува дека „Ванче нејзин“ бил одличен ученик и дека уште малку испити му останале до факултетската диплома, ама, се фатил со лошо друштво и сѐ баталил.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Да сум висок, би бил одличен кошаркар.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во подмладокот од нашето одделение се зачленија: Вики - таа е највисока од девојчињата, а од машките - Димче и Сашко - тие се редат на второ и трето место по фискултура.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)