Познато било дека нејзиниот војник исчезнал уште во почетокот на 42-та а моето раѓање се случило токму девет месеци по борбите од другата страна на Сина Скала што се воделе дури при крајот на 43 та.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Стои на познатиот малку нагорен килим и со нем крик го разгледува секој дом, по сонот дека неколку месеци бил отсутен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Добро ли спиеше, Даг?“ рече, како да не бил отсутен цели три месеци туку како да бил за сето време овде. „Добро“, реков.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Како да бил отсутен секогаш.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Има нешто посебно во тоа кога човек долго време бил отсутен од местото каде што пораснал, особено ако многу ретко го посетувал како што тоа го правев јас.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Дека сигурно знаеле оти војникот што ја донел на коњ во деновите на априлската војна бил отсутен од куќата од под Сина Скала повеќе од година и половина а можеби и нешто повеќе кога почнало да се шепоти оти осаменичката, горе, во планината, не е повеќе сама, туку е носечка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Хормоните ми се вознемируваат, што би рекол тој, кога ќе забележам дека такво нешто сторил кога сум бил отсутна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Иако не сум баш сигурна што се тоа хормони, приближно знам дека се поврзани со овој глупав пубертет со кој на глава ми се имаат качено од кој мир веќе си немам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)