Но сепак Едмондс не бил сигурен во намерите на единиците на НОВ и ПО на Македонија на територијата на Грција т.е. во делот на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Впрочем, Никола се сметал за ктитор, та бил сигурен дека ќе биде закопан до олтарот, каде што неколку години пред тоа бил закопан еден член од семејството Поцо, свештеникот Горѓија, “Георгиа Иереј“, кој бил во добри односи со Никола и кој свештеникувал кусо време, бидејќи се разболел и рано умрел.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Една ноќ во мигот на најголемиот очај, кога бил сигурен дека никогаш повеќе не ќе напише ниту ред, посегнал по еден том од четиритомното издание на делата на Бихнер.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во таков случај би биле сигурни дека никогаш не ќе ја заменат Македонија за едно подолго спиење или излежување.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Седнат малку зад неа вкосо, Лена не била сигурна кога тој гледал во екранот, а кога не гледал.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Најпосле, секогаш бил сигурен во својата рака, кога имаше со себе една таква пушка и едно место, од каде што можеше да се дофрли на секој срт.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Она во што биле сигурни британските експерти, според развојот на настаните, било дека самото формирање на македонската држава во основа не го исклучувало прашањето за обединувањето на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од своја страна, имајќи ги предвид програмските цели на македонското народноослободително движење, политичкото и военото раководство на НОВ и ПО на Македонија во своите настапи како зацртана цел го имала обединувањето или влегувањето во некоја поширока федерација на балканските народи каде што повторно Македонија би била обединета.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но бил сигурен во едно, дека "нивните заемни односи ќе бидат во сè поголема мера регулирани и дека проблемите што ќе се појават меѓу нив ќе бидат решавани во склоп на желбите на Москва".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Отстапувањето на делот на Македонија во рамките на Бугарија и ставот на италијанските комунисти за Истра и Трст тој го сметал како непобитна "илустрација на дејствувањето на овој 'Паџ Совиетица'".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уследиле и непотребни недоразбирања а и сомневања: активистите во градот со кои тој лично контактирал подоцна во првиот момент не биле сигурни фаќањето на курирот дали било последица на предавство или на случајност?!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во тие денови на нив не им било лесно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Неколкумина од оние кои контактирале со курирот решиле да се засолнат по блиските села. Страв лозје чува!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Гледајте. Од неголема чука се спуштале кон нивниот челник коњ и јавач, дебелникав човек во темномодра облека, војник или одметник, вкочанет натрапник со нејасно лице и со нејасни намери.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пак се склопчал на своето сиротинско легло многу потешко поднесувајќи ја предмугрената свежест буден.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не бил сигурен, подоцна само претпоставувал дека непогрешно го сонил она што ќе се случи во новиот ден: најпрвин, по сончевиот изгрев, го нашле, пред тоа, во ноќта, заборавен на носилка исцерителот Пандил Димулев, тој пријател на билје и треви; најверојатно дека безгласно починал од вчерашната рана помеѓу срцето и левата страна на стомакот, а потоа другиот тревар, откако го исплакал својот пријател со солзи што можел да ги пролее и над својата судбина, веќе видливо исушен и потемнет, легнал на неговата носилка и ѝ се предал на болештината, веднаш сите да видат дека се сушат и потемнуваат во лицата, и Самуил Пендуш, и Сандре Самарија, па некој (во неговиот сон, потоа во стварноста) барал да појде гласник по селата крај кои ќе минуваат, умните да оставаат на патот лук и ракија, за нив, и сено за воловите, инаку сами ќе атакуваат и ќе грабаат со темна можност да им ја донесат на домаќините, како гостинка, чумата што уште пред да го закопаат едниот тревар го однела другиот: два гроба еден крај друг, плитки и покриени со тврди грутки, крст до крст со шубари на вертикалниот крак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не биле сигурни, но јавачот како да дремел во седлото, се нишал олабавен напред и назад оставајќи му на коњот да одбира врвици со бавни нозе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби и не сме биле свесни за оние речиси постојани претрчувања на нашите размисли (во свеста или надвор од неа не бил сигурен).
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)