Една вечер неколку дена потоа, Зигмунд ми јави дека Херман, синот на сестра ни Роза, загинал со стотина други војници, кога во нивниот ров биле фрлени и експлодирале неколку гранати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Освен што Нико пишува многу поединости, покрај другото и во врска со случајот на стариот со паштерката во Цариград кога вели ’Тој ги посрамотил сите наши чесни домаќини’, па и она што е познато во врска со неговата Ерменка и односите со неговата законита жена во Маказар, тој во новиве страници што ги најдов спомнува дека Никола, по убиството, бил фрлен скраја во гробиштата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Телата им биле разнесени, се измешале трупови, откинати раце, нозе и глави, и наместо во гроб, ги оставиле таму, во ровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)