“21а ЛИКОВИ НА РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ Гемиџиите, велешани, тие што паднале од куршумите на аскерот по солунските улици, биле доста млади и ниту можеле ниту пак сакале да остават некакви податоци за својот краток животен пат и за својата револуционерна борба.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој бил доста рамнодушен кон разните теоретизирања и дискусии.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Како што видовме, жртвите од динамитните атентати биле малубројни, но затоа жртвите од турските масакри биле доста бројни, иако, рековме, тие не можат да се споредат со ерменските.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој во Европа бил доста познат како “водач“ на македонското движење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој пишува: “Колку и да се за жалење констатираните ексцеси, сепак, може да се тврди дека тие релативно биле доста ретки и дека треба да бидеме среќни што ги немаше во поголем број.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Гемиџискиот канал бил доста длабоко и можноста да се открие била мала, но тоа не можело да не ги вознемири атентаторите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Цветко бил од Ресен, долго живеел во Бугарија и бил доста болен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Па тие двајцата, и физички биле доста различни - едниот повеќе рус, висок, со долги нозе и подвиен во градите, на моменти замислен и затворен, а другиот со посреден раст, набиен, со потемна коса и енергичен.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)