Се ближеше крајот на работното време. Сите беа заминати.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ама да си знаат, им се ближи крајот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете, Хитлер го отепа царот, Италија капитулира а Ѓоре твој, Алексо мој и Борис Един излегоа в планина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како да ми беше многу јасно дека тука некаде се ближи крајот на нашето убаво дружење.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Како што се ближеше крајот на патувањето таа стануваше поагресивна низ постапките на Х.Х. и низ сите други видливи и невидливи соработници.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се ближи крајот. Почнуваш да го чувствуваш уморот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Знам, се ближи крајот. Апокалипсата на сиот неред и на сè што оди против божјата волја.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се ближеше крајот, а графиконот закачен пред бараката на штабот покажуваше дека ако се продолжи така знамето нема да се развее над логорот од нивната бригада.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Јас ја препознавав нејзината помисла на смртта по онаа грижливост со која дел од луѓето кои гледаат како им се ближи крајот се однесуваат кон оние што ќе останат по нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Веќе не помнам во кои нејзини зборови ја откривав нејзината ненаметлива грижа за мене, за она што ме очекуваше во животот, но помнам дека при секоја од тие средби ја споменуваше Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Се ближи крајот на фашизмот, - продолжи Игор Лозински.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Лектира
кнезу Репнине
пукната калино во мозокот
црвено во копнежот се всадуваш
прибираш сѐ што е светло
безграничен
меѓу корици
мирисаш на бебе
те канам
чај да се напиеме
зимата да ја згаснеме
небаре жед
ти седумдесет и шестата
јас тебе
да те видам
меѓу луѓето немаштија
во мене исто така
- има што да видиш
дождот се самоубива кога врне
за да постои мора да врне
зли абери како метафори ме следат
ѝ се ближи крајот на неизвесноста
репнине
литературо!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мајка насетуваше дека сигурно ѝ се ближи крајот, сакаше да биде што поблиску до Татко.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)