Воздушести платна, наместа шареникави, боејќи ги зраците, го затскриваа скржавиот и удобен мебел.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Кристалните прозорци светкаа, увото се напрегна и ја затегна својата слушна опна уште посилно — сите сетила на градот се раздвижија како некаква невидлива внатрешна луња, броејќи ги вдишувањата и издишувањата, скриениот и нејасен дамар на луѓето, слушајќи, гледајќи и вкусувајќи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И сето тоа за прв пат изгледаше возможно. (...) Божиќното собирање во Централ парк беше прекрасно: илјада клинци шњураа наоколу и делеа цвеќе, палеа мирисливи стапчиња, дуваа, земаа есид, делеа дрога наоколу, ја соблекуваа облеката од себе и се валкаа по земјата, боејќи ги своите тела и лица.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
А сакав филмот да ми се прикажува во Radio city, изложба во Winter Garden, сакав насловна страна во Life, книга на листата на бестселери, плоча на топ- листата...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)