„Доста!“ извика валијата. „Ти си аза за да ги браниш интересите на државата и султанот, не на некои таму ојлевци-дојлевци!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
По забранувањето на весникот и затворањето на клубот, Дедов и Мишајков отидоа во руската престолнина и во меморандумот до руската влада и до Советот на С. – Петербушкото словенско благотворно друштво од 12.9.1902 год. меѓу другото пишуваат: „По завршувањето на Правниот факултет во Белград ние почнавме да го издаваме весникот Балкански гласник (Reviue Balcanique), чија цел беше да ги брани интересите на македонските христијани не само од угнетувањето од Турција, но исто така и од разните пропаганди, и да проповеда за самостојна Македонија во политички, национален и духовен однос.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)