- Бриши го тоа! - остро рече Глигор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
ПЕТРИЈА: (Зела од тавата и му дава парче цревце.) На, куме!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: (Бришејќи го грлото од шишето скришно со шамивчето, прави лице како да треба да испие најодвратен лек. Отпива малце.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Мајка му на Димка се искашла и бришејќи го испотеното чело со црвена крпа богомолски зареди: - Жени, за дигање на црквичка што ни ја наречува мајката божја да придадеме по некоја паричка. Еве јас прва.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
После дотрча до нас и, бришејќи го влажното лице со ракав, рече: Врни, врни, дожд, мајка ти под кош, да си најде грош, да си купи нож, да си сече леб...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Погрден е, на еден или на друг начин, и за жените и за геј-мажите, затоа што го пренебрегнува она што ги разлачува едни од други и затоа што не им ги признава субјективните особености, а тие, најпосле, се оние што ги удриле темелите на можноста за вкрстена идентификација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто таквото сведување би го збришало самиот проблем што се нафатило да го решава, бришејќи го токму она што предлага да го објасни – имено, значењето на женствените идентификации на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И, така, тој погрешно го разбира начинот на кој функционира еден заменски идентитет создаден преку таква вкрстена идентификација – односно, точниот начин на кој Џоан Крафорд за некои геј-мажи функционира како заменски идентитет.
Во секој случај, суштински е важно геј-идентификацијата да не се сведува на геј-идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нека остане правот врз правот и не бриши го, не истресувај го за да не ја избришеш трагата, зашто само по неа се оди до никаде...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со него ги ништам сите мои непријатели – смирено одговори старецот, бришејќи го остриот нож од високата трева.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Уште многу ќе страдаат, кутрите, си помисли, сеќавајќи се на сликата на Сталин во нашата куќа крај реката, од која нѐ спаси бришејќи го од правот неговиот лик.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)