На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
С.П а — ја (од, она, таа) аба — долно алиште (фанела) авалеџиа —собирач на данок авџитабур — потерно одделение, војска што ги брка комитите аза — одборник, советник ак — плата акибет — најпосле алабак — турски војник од Азија, развлечен, нечист алабачка — исто се вели за таква жена аламан, и — силни луѓе, напрасни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доброутро, Стеване, доброутро, светијоване. (Петруш, како и други прилепски трговци, беше фатен светијован окоро со половината мариовци кога одеше со Алекса Баба варија да го брка комитата Ѓелета Галишки и Катар Ќаа по мариовските планини).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Па добро, кад ти хоќеш шуму онда буди шумар у твојој шуми, — му одговори началникот и му стави во задача сега пак тој да ги брка комитите во таа иста шума, во која него толку години го бркаа мулазимот, Рашид чауш и Шарен Мустафа, а во последно време братучед му Бино.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)