На минување низ селото полковниците Жино и Бонети го побараа кметот и учителот да му кажат дека си заминуваат, а Стивенс отиде кај Аврам Сујак да ја купи кожата од мечката која пред некој ден ја виде и му се допадна: кожата по бојата и по светливото влакно личеше на онаа што ја бркаше по планината.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Прво се тргна Мече и почна збунето да се брка по џебовите, мрморејќи нешто неразбрано, како да не знае кај ја ставил карта.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Крле, пак, бидејќи не можеше да ја пречекори портата, се заврте назад и како елен доскока кај Грбанџови, задишен, исплашен, небаре сите селски куч'ки го бркаа по улица.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)