Потоа пак зел да брои жолтици и пак откако изброил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола; Овие, рекол, ви ги давам за кô ќе порасне Драганка и за кô ќе ја мажите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И по трет пат зел да брои жолтици; и пак откако изборил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола: Овие реко, ви ги давам за кô ќе ѕидате црква јали училиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не, тие и сите од околните села нема да зборуваат за тоа како од дворовите и од нивите ја прибираа запустената стока на Преспани и како на брзина избираа што им паѓаше под око и на итроманите на дланка им броеја жолтици.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)