буди (гл.) - од (предл.)

Душата ѝ стануваше посува од пустината. Смртта на чедото ја будеше од морничавиот сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постојано се превртуваше и се будеше од некои кошмари на кои потоа не можеше да се сети.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Многупати ноќе се будев од соништата во кои мама ме водеше в река, застанувавме во плиткото, а потоа таа ми го фаќаше главчето, и ме потопуваше додека јас губев здив под водата, и гледав како рибите ме касаат по лицето; или пак мама се претвораше во ѕвер и ме растргнуваше; или пак јас бев птица за која таа не знаеше дека е нејзината ќерка, па ме фаќаше, ми ја отсекуваше главата, а потоа го попаруваше моето обезглавено тело и ми ги кубеше пердувите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тонеш, па леташ. Пак се нурнуваш. Се задлабочуваш и успоруваш, а во продолжение се будиш од врисокот на масата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се будев во собата во која спиев со моите четири сестри, внимателно станував од креветот кој го делев со Паулина, и потоа на прсти се приближував до прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трубачот како да се буди од летаргија: полека ја крева главата ги трие очите, станува од местото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)