Мојата генерација тогаш првпат виде во живо што значело секоја ноќ да ти бучат авиони во сонот и уште што значи да не ти се затвораат клепките од неизвесноста на судбината на блиските пријатели во соседството.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Над нивните глави, на небото често бучеа авионите, одоздола можеше да се почувствува тресењето на земјата од тропотот на возовите и камионите што се движеа по мрежата на железничките линии и автопатиштата, и челичните и цементните краци на индустриските гиганти сè повеќе ги проголтуваа, а само од преживеаните соседни шуми птиците од фармите и другите живи суштества, кои ги исполнуваа бавчите на семејството Адам, беа еден вид природна заштита за да не се скине папочната врпца на човекот со природата и нејзините мистерии.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)