Коријата преку поточето, кое постоеше некаде под снегот, но не се гледаше, изгледаше сосем необично, како лошо варосан ѕид.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ѕид варосан Ѕид што сонува Ѕид од плитари Ѕид што прашува Ѕид без одговор
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)