Вгледан во светлата што де се појавуваат де се губат како пот на вжарено чело, и го варакосуваат запрашеното џаде и шумата што брзо потонува во мракот, кој знае кој пат се забива, се вгнетува, се вгледува одново и одново во патот што го помина и се повеќе се вгнездува во него, зашто на него порасна и, иако е сакат, се храни со надеж дека, дури и дооден, ќе го дооди.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)